ПОЧЕТНА А Репрезентација ДАВИТКОВ: Имаме 3-0, очекувам и 4-0

ДАВИТКОВ: Имаме 3-0, очекувам и 4-0

сподели
фото: ФИБА

Шест победи на седум натпревари за македонската кошаркарска репрезентација, откако лани испадна во претквалификациите за Светското првенство во 2019 година.

Овие за Европското првенство се скоро без грешка, со исклучок на оној меч против Швајцарија во претходниот циклус, но тогаш ни одговараше и пораз до 15 поени разлика.

Косово е вторпат совладан, ни преостанува уште еден натпревар до враќањето онаму каде што заслужуваме да бидеме и каде што бевме до пред неколку години.

Аплицирајте веднаш за

Селекторот Јорданчо Давитков е задоволен од досега виденото, но повикува на мобилизираност до крај.

„И пред натпреварот реков дека најтешко се добиваат однапред добиени натпревари. Одигравме одлична прва четвртина, но играчите помислија дека работата е завршена и почнаа да излегуваат од акции и да шутираат во моменти кога не требаше да го прават тоа.

фото: ФИБА

Второто полувреме беше сосема поинакво, целосно го запревме Бериша, во нападот бевме поодговорни и заслужено дојдовме до победата. Имаме 3-0, одличен резултат и се надевам дека во февруари ќе биде 4-0 и ќе го завериме пласманот во квалификациите.

Не сакам да истакнувам имиња, но Андреј Магдевски го заслужи тоа, во второто полувреме одигра одлична одбрана на Бериша, а беше корисен и во нападот. Шејн Витингтон е различен играч од Хендрикс, добар беше и во нападот и во одбраната, излегуваше надвор од рекетот да помага и овој натпревар беше многу подобар од дебито против Швајцарија“, истакна Давитков.

Помогнато од Ресторан Enjoy во Гевгелија.