ПОЧЕТНА Избор на уредникот Давидовиќ на чело на кумановската чета!

Давидовиќ на чело на кумановската чета!

сподели
kumanovonews.com

КК Куманово добива голем ентузијаст на претседателската функција, иако се уште во форма на вршител на должноста (в.д.).

Младен Давидовиќ подолго време работи во интерес на кошарката и на спортот воопшто, беше спортски директор на КК Куманово, а именувањето на позицијата прв човек на овој наш спортски колектив е награда за посветеноста, чесноста и ангажираноста.

Во најскоро време очекуваме Давидовиќ да ја добие и полната поддршка, односно да се избрише претставката в.д. и тој да се зафати со максимална пареа и со сериозна работа на оваа позиција, која што и тоа колку е тешка, а понекогаш и неблагодарна.

„Заслужи!“ – беше најчестиот коментар на познавачите на приликите во Куманово, со кои што разговаравме веднаш откако дознавме дека Давидовиќ ја доби функцијата.

Аплицирајте веднаш за

Кумановци, во најновиот залет, тргнаа со огромен елан во обидот конечно во својот град да ја донесат толку посакуваната титула во домашниот шампионат и да се претстават во што подобро светло на меѓународната сцена. Но, резултатите, барем конкретните, изостанаа.

Најголем дострел во оваа спортска офанзива на екипата од градот на револуционерите, која што се уште трае, беше финале на македонскиот шампионат и два пораза од МЗТ Скопје во 2015-та и 2016-та, односно пораз од истиот противник во финалето на Купот 2013-та година.

„Ќе ја извршувам функцијата до свикување на седниците на собранието и на управниот одбор и до назначувањето на нов претседател. Се надевам дека без проблеми ќе го надминеме овој период.

Ќе следуваат повеќе промени во организацискиот дел, пред се во младинската школа. Ќе работиме на привлекување нови спонзори и ќе ја вратиме публиката во спортската сала.“ – изјави Давидовиќ, за KumanovoNews.

Познавајќи го карактерот на Младен Давидовиќ и неговите квалитети, пред се човечки, а потоа и управувачки, очекуваме од него пред се да го разбуди заспаниот кошаркарски потенцијал во неговиот град, да ја постави на здрави нозе младинската школа, да се ориентира кон продукција на наши играчи, да ангажира квалитетни и проверени странски засилувања и да донесе резултати во Куманово.

Basketball.mk, првиот и единствен специјализиран портал за кошарка во Македонија, му го честита изборот на Младен Давидовиќ и му посакува долга и плодна работа, на позицијата претседател на клубот.