ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дабл-дабл на Самарџиски, МЗТ води на полувреме

Дабл-дабл на Самарџиски, МЗТ води на полувреме

сподели

Поранешниот центар на македонската репрезентација ја прави разликата по првите 20 минути од вечното дерби во домашното првенство.

МЗТ Скопје води со 35:39 благодарение на играта на Предраг Самарџиски кој веќе има дабл-дабл со 14 поени и 11 скока и вкупен индекс 23.

Најблиску до него во противничката екипа е Бојан Крстевски кој постигна 10 поени и 4 скока и индекс 14.

Вицешампионот засега ја добива битката под кошевите, има 5 скока повеќе, но и 6 офанзивни плус. Работнички е подобар во шутот за тројка, досега погоди 6 удари од далечина, наспроти 3 на МЗТ Скопје.