ПОЧЕТНА Избор на уредникот Гужва на Мали Калемегдан, Звезда пушта сезонски билети во претпродажба

Гужва на Мали Калемегдан, Звезда пушта сезонски билети во претпродажба

сподели

Екипата што со најмал буџет во Евролига до последниот натпревар се бореше за пласман во четвртфиналето, доминантно ја освои титулата во АБА лигата и обезбеди Евролига и следната сезона, триумфира во Купот на Србија и останува во игра за одбрана на српската титула, објави дека на 5-ти јуни ќе стартува претпродажбата на сезонските билети.

Раководството на клубот, кое што има строга политика во однос на билетите за натпреварите, дозволува се помалку гратиси и се повеќе се потпира на овој извор како многу важен во кроењето на финансиите, најави дека билетите во претпродажба ќе бидат со пониска цена и далеку подостапни, отколку регуларните сезонски билети кои што ќе бидат во оптек од септември.

Цените се уште не се познати.