ПОЧЕТНА Евролига Грчката класика за Пирејците, северната битка за ЦСКА, лидерот маршира беспоштедно

Грчката класика за Пирејците, северната битка за ЦСКА, лидерот маршира беспоштедно

сподели
euroleague.net

Олимпијакос славеше во грчкото дерби со убедливи 79:65 против Панатинаикос, за 10/6 на четвртата позиција на табелата. Никола Милутинов станува лидер на црвено-белите, го одигра мечот на кариерата со 18 поени и 18 (клупски рекорд) скокови. Калатес имаше 13 поени со 7 асистенции кај поразените.

euroleague.net

Руската машинерија водеше двоцифрено во текот на целата средба, но на крајот сепак требаше да се подиспоти за да ја сочува и да слави со 79:85 кај Жалгирис. Московјаните ја прекинаа низата од три порази на гостувањата, а најдобри поединци беа Клајбурн и Хакет со по 19 поени. Дејвис имаше 21 поен за домашните.

euroleague.net

Фенербахче, иако губеше во средината на последниот период, ја регистрира 12-та последователна победа со триумфот против Басконија со 96:87. Финалистот има 15/1, на врвот на табелата. Николо Мели беше предводникот со 19 поени, Јан Весели додаде 15. Шавон Шилдс постигна 22 поена, во поразот на шпанската екипа.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Барселона почна да победува во подолга низа, со третиот триумф, сега против Дарушафака. Убедливите 97:65 беа резултат на одличната тимска игра, командувана од Светислав Пешиќ. Каталонците се на 6-та позиција со 9/7, турската екипа е на дното со 2/14. Ертел имаше 18 поени за победникот, Даглас 23 за поразените.

euroleague.net

Реал во Мадрид победи во ол-тајм класиката, против Макаби, со 91:79. Шампионот остана на втората позиција со скор 13/3, Гордоста на Израел има 5/11 на 13-та позиција. Ајон имаше 18 поени со 9 скока кај домаќините, Фернандез додаде 13 поени, а Љуљ (10 асистенции), Рендолф и Кампацо имаа по 11. Рол имаше 23, на спротивната страна.

euroleague.net

Анадолу Ефес ја отвори втората половина на сезоната со триумф против Баерн Минхен, со 92:77 за 10/6 на четвртата позиција. Германците имаат 8/8 и се во гужвата на екипи кои што ќе се тепаат за последните места што водат во плеј-офот. Поранешниот делија Мициќ имаше 20 поени за победникот, а поранешниот гробар Лучиќ имаше 14 за поразените.

euroleague.net

Армани постави нов клупски поентерски рекорд во победата со 111 :94 против Будуќност. Владимир Мицов постигна 18 поени кај победничката екипа, која што има скор 8/8, додека Гога Битадзе имаше 23 поени со 8 скока и 3 блокади за гостите од Подгорица, кои што имаат учинок 3 победи и 13 порази.

euroleague.net

Химки ја прекина серијата од три гостински порази со триумфот кај Гран Канарија, со 70:99. Двете екипи се со по 6 победи и 10 порази, најдобри поединци беа Бост за победникот со 20 поени, односно Ериксон со 14 поени за поразените.

euroleague.net

Во следната рунда, највозбудливи според имињата и резултатите ќе бидат дуелите Олимпијакос – Басконија и Панатинаикос – Баерн. Фенербахче ќе гостува кај Химки, ЦСКА кај Дарушафака, Реал кај Гран Канарија, а Барселона кај Армани во Милано. Макаби игра со Будуќност, а Жалгирис со Анадолу Ефес.