ПОЧЕТНА ЕВРОПА Грчката класика, за ПАО

Грчката класика, за ПАО

сподели
gazeta.gr

Најтрофејната екипа кај нашиот јужен сосед извојува победа во рамките на шестото коло во грчкото првенство. Домаќините се радуваа со 79:70 против гостите од Пиреја, во натпревар со традиционално малку поени и многу тензии.

Мечот беше решен во последната четвртина, со серија на домаќинот (за модерни кошаркарски услови „смешна“) од 10:4, за 72:63. Секој поен, секој потег, секој здив значи многу, во дуелите на вечните грчки ривали.

Аплицирајте веднаш за

Ова беше прв пораз за Олимпијакос, додека Панатинаикос и Перистери се единствените две непоразени екипи во грчкото првенство.

Никос Папас беше најдобриот стрелец на победникот, со 24 поени. Ленгфорд додаде 11 поени, 10 имаше Дешон Томас.

Кај гостите Лидеј имаше 20 поени, 11 имаше Јоргос Принтезис, кој што резлизира и 10 скока, а 10 поени постигна Јанис Тима.