ПОЧЕТНА Други првенства Грците златни на младинското европско првенство на Крит

Грците златни на младинското европско првенство на Крит

сподели

Домаќинот ја освои титулата во финалето против Израел, славејќи со 65:56. Третото место го освои Франција, со победата 72:58 во дуелот со Шпанија. Србија, која што е најуспешна селекција во оваа конкуренција (5), го освои 5-то место.

Василис Харалампопулос, кој што настапува за Панатинаикос, беше прогласен за најкорисен играч на младинскиот турнир.

Аплицирајте веднаш за

Во идеалната петорка, беа и неговиот сонародник Антонис Кониарис од ПАОК, израелскиот репрезентативец Тамир Блат од Хапоел Холон, Исланѓанецот Тригви Хилнасон од редовите на шпанскиот шампион Валенсија и Французинот Амин Нуа од АСВЕЛ.