ПОЧЕТНА ФИБА Грците владеат со Eвропа!

Грците владеат со Eвропа!

сподели
FIBA

Екипата на АЕК на домашен терен ја совлада француската екипа Монако, во финалето во Лигата на шампионите на ФИБА и се закити со третата меѓународна титула во историјата.

Грчкиот претставник славеше со 100:94 во интензивно финале во кое што победникот не се знаеше до последната секунда. Мајк Грин беше прогласен за МВП на финалната средба.

Аплицирајте веднаш за

Монако прв пат сезонава му дозволи 100 поени на противникот, АЕК прв пат сезонава имаше 100-ка во регуларен дел (победи 103:101 по продолжението во второто коло против Венеција).

МВП на регуларната сезона Мени Херис имаше многу проблеми во реализацијата, особено во клучните шутеви на крајот на мечот што беше една од причините за поразот на Французите.

FIBA

Околу 18.000 навивачи во ОАКА Арена, каде што се играше завршниот Фајнал фор турнир, го прославија првиот интернационален трофеј на АЕК, по пауза од 18 години (Сапорта Куп 1967/68, 99/00). АЕК беше финалист на Евролига 1998-та година.

Сите успеси на оваа екипа, во поново време, се поврзани со српскиот тренер Драган Шакота кој што и го донесе грчкиот Куп сезонава и ЛШ на ФИБА, но и спектакуларната победа во грчкото првенство во сезоната 2001/02.

Драган Шакота (FIBA)

Пехарот во Купот (против Олимпијакос, 88:83) е прв за друга екипа освен Панатинаикос и Олимпијакос по 2004-та година (АРИС), а последната титула на АЕК е единствена за некоја друга екипа од 1992-та (ПАОК).

На две кола до крајот во грчкиот шампионат, АЕК е на 5-та позиција со победа помалку од ПАОК во борба за директен пласман во 1/4 финалето и избегнување на првата елиминациска рунда во плеј-офот.