ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Групната фаза завршена со стил, следува борбата за медал

Групната фаза завршена со стил, следува борбата за медал

сподели

Кадетската репрезентација на Македонија не дозволи изненадување во последниот натпревар од првиот дел на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.

Избраниците на Александар Јованчев остварија убедлива победа против аутсајдерот Норвешка со 86:70 за четврти триумф во низа на шампионатот.

Аплицирајте веднаш за

Противникот се закани со добра во вториот период во кој најчесто се наоѓаше во водство, но со почетокот на третата четвртина нашите кошаркари повторно заиграа на високо ниво и на крајот дојдоа до висока победа.

Со оглед на тоа што натпреварот немаше резултатско значење, се чувствуваше мала еуфорија во играта на македонската репрезентација, но и селекторот им даде шанса на повеќе кошаркари од вообичаеното.

Најефикасен беше Андоновски со 21 поени и девет скока, а Миловановиќ оствари дабл-дабл со 19 поени и 10 скока.

По овој натпревар следува пауза на првенството, а потоа почнува борбата за пласман. Противникот за четвртфиналето ќе го добиеме за неколку часа, но тоа најверојатно ќе биде Романија.

Место во А-дивизијата има за првопласираните три репрезентации на првенството.