ПОЧЕТНА Во позадина Грифин почувствува и како е да се почитува своето

Грифин почувствува и како е да се почитува своето

сподели

При доаѓањето во Детроит како нов член на екипата на Пистонс, екс-првата ѕвезда на ЛА Клиперс знаеше дека ќе го загуби можеби главниот симбол на спортистите, а тоа е бројот на дресот.

За некого е важно да игра со истиот број, за други не, но поентата е дека некои франшизи ги почитуваат своите членови, а други не. При трејдот во Детроит Пистонс, Блејк Грифин изјави дека дознал за зделката на социјалната мрежа Твитер, нешто што многу го повредило.

Од друга страна, дресот со број 32 во Детроит е повлечен во чест на Ричард Хамилтон кој што за многумина од поновите генерации, па и за дел од постарите, е непознат играч, но за Детроит е симбол на една славна ера.

Во 1999-та беше избран од Вашингтон каде што играше со Мајкл Џордан и имаше просек од 20 поени, во Детроит дојде во трејдот за Џери Стакхаус кој што тогаш беше ѕвезда, а потоа играше и во Чикаго (до 2013) каде што ја заврши кариерата.

Ричард Рип Хамилтон беше еден од предводниците на Пистонс (2002-2011) во годините кога организацијата од Детроит стигна до титулата (2004), две финалиња по ред (2005), 6 конференциски финалиња по ред (2003-2008) и до најдобриот скор во историјата (64/18 во сезоната 2005/06).