ПОЧЕТНА НБА Грифин во клубот 50

Грифин во клубот 50

сподели
фото: Rick Osentoski-USA TODAY Sports

Ветеранот постигна повеќе од третина од поените на неговата екипа, во триумфот на Детрит против Филаделфија, по продолжението (133:132). Тоа е негово најдобро лично остварување, а тој воедно го погоди и победничкиот кош.

Џоел Ембид, на спротивната страна, постигна 33 поени со 11 скока, но го промаши последниот обид на натпреварот. Пистонс се првпат со три победи по три меча на стартот, по сезоната 2-15/16, кога последен пат играа во плеј-офот.

Аплицирајте веднаш за

Блејк Грифин е првиот играч на Детроит што постигнал 50 поени, по Ричард Хамилтон кој што имаше 51 во 2006-та во поразот по продолжението од Њујорк. Грифин е 5-тиот ограч на Пистонс што постигнал 50 или повеќе поени на еден натпревар.

Ентони Дејвис реализира 34 поени со 13 скока во победата на Њу Орлеанс против Клиперс (116:109) ,со што Пеликанс се непоразени по три натпревари.

Резултати на 24-ти октомври 2018 (ESPN)

Денвер славеше против Сакраменто со 126:112, Џамал Мари постигна 14 во третиот период, од неговите вкупно 19 поени, а Никола Јоикиќ имаше 14 поени со 12 скока. Нагетс имаат 4/0 на стартот, што е прв пат по сезоната 2009/10 кога почнаа со 5 победи.