ПОЧЕТНА НБА Грег Попович е тренерот со најмногу победи во историјата!!!

Грег Попович е тренерот со најмногу победи во историјата!!!

сподели
nba.com

Со триумфот во првиот меч од првото плеј-оф коло, стратегот на Сан Антонио има 1413 триумфи во кариерата, комбинирано во регуларниот дел од сезоната и во доигрувањето, со што изби на вечната листа на тренери, пред Лени Вилкинс.

Грег Попович има 70 години, во Сан Антонио е тренер од 1996/97 година. Освои титула во 99, 03, 05, 07 и 2014 година. Во првата рунда од актуелниот плеј-оф, Спарс победија со 96:101 и водат во серијата до 4 победи, против Денвер.