ПОЧЕТНА НБА Грег Попович влезе меѓу бесмртните

Грег Попович влезе меѓу бесмртните

сподели

На НБА дуелот меѓу екипите на Детроит и Сан Антонио, на теренот имаше голем број ѕвезди: Грифин, Драмонд, Дерозан, Олдриџ…

Најголемата беше покрај теренот. Грег Попович, тренерот на Спарс, еден од најуспешните тренери во НБА историјата. Рекордер е по бројот на победи со еден тим, еден од петмината кои освоиле 5 шампионски прстени и еден од деветтемина со над 1.000 победи во најсилната кошаркарска лига во светот.

Со последната, против Детроит од 107:119, Попович стигна до 1.221 во историјата и со тоа се изедначи по бројот на победи со легендарниот Џери Слоун на третата позиција на вечната листа на најуспешни тренери со најмногу победи. Пред нив се само Лени Вилкинс со 1.332 и Дон Нелсон со 1.335 победи.

Аплицирајте веднаш за

Сепак, тренерот на Спарс е единствениот активен тренер кој уште може да ги подобрува своите бројки. Великанот на светската кошарка до овој подвиг стигна на само 3 недели пред својот јубилеен 70-ти роденден, а помина помалку од еден месец откако на вечната листа на најуспешни тренери го надмина Пет Рајли, уште еден великан на кошарката, на 4-тата позиција.

Попович оваа есен влезе во својата 23-та сезона како тренер на Сан Антонио кој го предводи од далечната 1996 година. Претходно две години беше асистент на тренерот на Спарс, пред тоа и на Голден Стејт Вориорс. Откако стана самостоен тренер, прерасна во еден од најдобрите тренери кој на погореспоменатите успеси додаде уште три награди за најдобар тренер на сезоната и четири пати беше предводник на Ол-Стар тимот.