ПОЧЕТНА Евролига Гран Канарија и Баерн победија во најнеизвесните мечеви

Гран Канарија и Баерн победија во најнеизвесните мечеви

сподели
euroleague.net

Трилерот во Гран Канарија Арена заврши со триумф на домаќините (87:86), прв во Евролига за дебитантот. Победникот сега има скор 1/1, а Каталонците имаат 0/2. Крис Еванс постигна 19 поени за домашните, а кај поразените најдобар беше Кајл Курич со 24 поени.

euroleague.net

Баерн Минхен по сличен рецепт победи против Панатинаикос (80:79), најдобри поединци беа Нихат Недовиќ со 19 поени за победникот, односно Кит Ленгфорд со 18 за поразените. Двата тима сега имаат по една победа и по еден пораз, во првите две кола од новата сезона.

euroleague.net

Дарушафака ја совлада екипата на Будуќност (71:63), предводена од некогашниот македонски селектор Александар Џикиќ. Црногорците почнаа одлично, имаа 14:25 во првиот период, но потоа 6 минути останаа без поени, а турската екипа реализира серија 19:0. Жанис Пеинерс постигна 15 поени за домашните, Кларк и Гордиќ имаа по 11 за гостите.

euroleague.net
Аплицирајте веднаш за

Нандо Де Коло беше несопирлив во триумфот на ЦСКА Москва против Макаби (86:89), со 27 поени, 5 асистенции и 4 украдени топки. Руската екипа има чисти 2:0 на стартот, а израелската загуби два пати. Анџело Калоиаро имаше 21 поен за поразениот домаќин.

euroleague.net

Второто коло ќе биде комплетирано со натпреварите Анадолу Ефес – Жалгирис, Фенербахче – Химки, Басконија – Олимпијакос и Армани – Реал Мадрид.