ПОЧЕТНА АБА Го растури МЗТ, па стана МВП на колото

Го растури МЗТ, па стана МВП на колото

сподели

Зрињски ја оствари првата победа сезонава во АБА 2 и тоа во најлошо време за нас – против македонскиот вицешампион.

Ловориките за тој триумф отидоа кај хрватскиот интернационалец Марко Рамљак кој имаше една од најубавите вечери во кариерата.

Аплицирајте веднаш за

За 32 минути на теренот, 25-годишниот крилен играч постигна 35 поени со пет тројки и 8/8 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште по 5 асистенции и 2 украдени топки. Индексот 41 е највисок што еден играч го остварил оваа сезона во АБА 2.

Во топ-3 кошаркари на петтото коло од регионалното натпреварување има уште еден член на Зрињски – Иван Миличевиќ кој, исто така, одигра одлично против МЗТ Скопје.