ПОЧЕТНА АБА Готово е со грчката кошарка, Олимпијакос станува југословенска екипа

Готово е со грчката кошарка, Олимпијакос станува југословенска екипа

сподели
фото: Olympiacos BC

Претставникот на Грција во Евролигата, закажа состанок со челниците на регионалното натпреварување, АБА лигата, со цел да се приклучи во овој шампионат, веќе од следната сезона (?).

На 10-ти април, Пирејците ќе седнат на иста маса со раководството на заедничкото првенство на некогашните ЈУ-републики, со цел да добијат информации околу поставеноста на нештата во АБА.

Емисарот на Олимпијакос е Христос Ставропулос, кој што е генерален менаџер на клубот што е незадоволен од третманот во грчките натпреварувања, каде што наводно се форсира Панатинаикос и затоа се реши на ваков потег.