ПОЧЕТНА АБА ГОТОВО Е: Олимпијакос оди во втора лига!!!

ГОТОВО Е: Олимпијакос оди во втора лига!!!

сподели
euroleague.net

Еден од двата симбола на грчката кошарка ќе биде преселен во понизок ранг на натпреварување, затоа што ќе одбие да настапи на натпреварот со Промитеас Патрас на кој што е делегиран судијата Панајотис Анастопулос.

Пирејците најавија дека нема да играат ниту против Панатинаикос ниту против другите екипи, ако одредени судии кои што беа посочени како „луѓе на ПАО“ се делегирани на натпреварите на Олимпијакос.

euroleague.net

Сиптоматично е што токму на последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната, на Олимпијакос му се делегира еден од судиите што грчкиот гигант не ги сака, во услови кога веќе не одигра еден натпревар и го загуби службено.

Некогашната екипа на Перо Антиќ, веќе не одигра еден меч од грчката лига против лутиот ривал, втор ќе значи автоматска преселба во понизок ранг, а воедно не го доигра мечот против истиот противник, во Купот на Грција.

Единствениот спас од бламажа за Олимпијакос е учество вo регионалната АБА лига, што е условено (од претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ) со најмалку тригодишно учество во јадранското натпреварување.

Судбината на црвено-белите ќе биде решавана на следното Собрание на АБА лигата, кон крајот на мај, каде што е потребен консензус од клубовите за евентуалното учество на оваа грчка екипа во регионалната јадранска лига.