ПОЧЕТНА Младински школи Гостувањето на младите „штркови“ заврши со уште два натпревара

Гостувањето на младите „штркови“ заврши со уште два натпревара

сподели
фото: MЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје (генерации 2003, 2004 и 2005) го завршуваат својот престој во Холандија и рано изутрина се враќаат во Македонија.

Пред заминувањето одиграа уште два пријателски натпревара со своите врсници од Ландштеде. Тимот составен од кошаркари родени 2003 година загуби со 33:63, а многу понеизвесно беше на дуелот меѓу комбинираните состави од играчи родени 2004 и 2005 година.

И таму победи Ландштеде, но мошне тесно, со 47:44 во меч во кој се биеше битка до последниот напад.

Аплицирајте веднаш за

Во четирите дена поминати во Цволе, младите кошаркари на МЗТ Скопје имаа можност да се запознаат со начинот на работа во академијата на Ландштеде, присуствуваа на неколку предавања, а имаа и туристичка посета на Амстердам.

Во следниот период холандскиот тим треба да дојде во Скопје на возвратна посета со што ќе се интензивира соработката на двата клуба.