ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостите од САД воодушевени од приемот во Аеродром

Гостите од САД воодушевени од приемот во Аеродром

сподели
newhavenbulletin.com

Селекцијата на Blackhawk Christian High School од Форт Вејн, Индијана е возбудена од топлиот прием на домаќинот МЗТ Скопје. Кошаркарите на возраст од 16 до 18 години ќе останат во нашиот главен град до 22-ри јуни.

Како што изјави предводникот на оваа средношколска делегација, тренерот Мајк Дејвидсон, некои од овие момчиња првпат излегуваат од САД и ова е одлична можност за нив да запознаат нови култури.

Резултатите на контролните средби и на турнирот што ќе се одигра в четврток и петок (21-22 јуни) се во втор план. Целта е младите момчиња да запознаат нови стилови на кошарка, да се дружат со своите врсници од друга земја.

Соработката меѓу ова училиште и поранешниот и 6-кратен шампион на Македонија, во следниот период ќе биде поставена и на повисоко ниво.