ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар ќе напаѓа со домашни играчи

Гостивар ќе напаѓа со домашни играчи

сподели
фото: gostivarpress.mk

Слободан Михајлоски и Бранко Јанески се најновите аквизиции на петтопласираниот тим во домашното првенство од минатата сезона.

Двајцата доаѓаат како слободни играчи откако им истекоа договорите со АВ Охрид, но најважно е тоа што се враќаат во родниот град каде поминаа најмал дел од своите кариери.

Слободан Михајлоски

Михајлоски замина на 23 години и играше во Велес, Вардар, Фени, Работнички и АВ Охрид. Најважниот дел од кариерата го помина во Кавадарци каде освои три титули во домашното првенство, две во Купот на Македонија и една во БИБЛ.

Бранко Јанески (лево)
Аплицирајте веднаш за

Јанески го напушти Гостивар уште помлад, како тинејџер и се пресели во МЗТ Скопје. Подоцна беше член на Фени, Прилеп, Милениум, АБА Струмица, Т-Баскет и АВ Охрид.

Двајцата кошаркари освен што ќе донесат поголема длабочина во составот на Марјан Србиноски, со своето искуство треба да помогнат кон остварување на главната цел на тимот – пласман во плеј-офот.