ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар ја посвети победата на настраданите сограѓани

Гостивар ја посвети победата на настраданите сограѓани

сподели
фото: gostivarpress.mk

Најубавото освежување во македонската кошарка, на најчовечки начин, уште еднаш ја покажа својата димензија на хуманост и причината поради која што постои.

Спортскиот симбол на градот, триумфот против Блокотехна го посвети на настраданите сограѓани во тешката автобуска несреќа, кој што ја погоди целата наша држава.

Резултатот останува во втор план, а борбеноста на гостиварци само ги илустрира желбата да се натпреваруваат со најдобрите, да се наоѓаат на врвот и заедништвото кое што владее во овој македонски град.

Граду на кошарката, ти симнуваме капа и ти се поклонуваме, од се срце…