ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар тргна со победа, Кожув не го испука последниот куршум

Гостивар тргна со победа, Кожув не го испука последниот куршум

сподели

Најдраматичниот натпревар на стартот од новата сезона во Првата кошаркарска лига го одиграа Гостивар и Кожув.

Победија домаќините со 70:69, но којзнае што ќе се случеше ако најдобриот играч на гевгеличани Миладин Пековиќ имаше малку повеќе контрола на времето. При водство од 70:67 за Гостивар, тој не се одлучи да шутира тројка за продолжение, туку тргна на положување мислејќи дека има уште 5-6 секунди.

Аплицирајте веднаш за

Со оглед на тоа што постигна кош со звукот на сирената, Кожув не доби нова шанса за триумф.

До тој фамозен финиш, екипите се менуваа во водство, но домашниот тим во последната четвртина можеше да го реши прашањето околу победникот. На пет минути пред крајот беше +7 за нив (62:55), на 71 сеунда +6 (69:63), но по поените на Караколев и Нацевски, Кожув се доближи на само два негатива (69:67).

Димчевски потоа реализира едно од двете слободни фрлања, а Пековиќ не го искористи тоа за евентуално продолжение.

Освен грешката на гевгеличани, најважен фактор за победата на Гостивар е новиот играч во тимот Џо Фурстингер кој одигра фантастичен натпревар. За 31 минути постигна 32 поена и 14 скока за индекс 44, нешто што не се гледа често ни во европската кошарка.

Кожув се соочи со многу проблеми бидејќи до натпреварот не стигна сертификатот од Либија на Црногорецот Пејовиќ, а не играше ни Мишковиќ поради повреда.

Останатите дадоа максимум, но со само седуммина кошаркари тешко се победува во Гостивар. Најефикасен во гостинскиот тим беше Караколев со 19 поени.