ПОЧЕТНА Избор на уредникот „Гостивар тогаш го живееше сонот на многу генерации, денес сме повторно горди...

„Гостивар тогаш го живееше сонот на многу генерации, денес сме повторно горди на новите дечки“

сподели
Навивачката група на КК Гостивар, Гемиџии.

Еден од ликовите што може да се сретне секаде по нашите и терените низ светов, каде што настапуваат македонски екипи и репрезентации, се сеќава на тоа време пред 17 години.

„Мојата навивачка приказна започнува далечната 83-та…татко ми Претседател на ФК Гостивар, јас присутен на секоја утакмица и на трибини и во соблекувална…растев и го живеев животот заедно со играчите…83-та заедно со играчите бев и на вечното дерби Звезда-Партизан…

Сето ова го предодреди мојот живот понатаму како спортист и посебно како навивач…“ – ја почнува приказната за basketball.mk, гостиварецот Мирослав Попоски.

Мирослав Попоски, во средината, со хоризонталниот навивачки шал.
Аплицирајте веднаш за

„Интересен куриозитет, прв човек на Никол Ферт беше Леон Гајдаџиев, центарфор на фудбалскиот клуб од Гостивар, и тоа доста успешен, со кого после 17 години остваривме еден кошаркарски сон наречен кошаркарска титула во македонското првенство и најбитно го симнавме од тронот неприкосновениот Работнички…

Гостивар е град на кошарката затоа што дал многу играчи, репрезентативци, се имаат одиграно антологиски утакмици на ГВ паркетот и со право може да се користи тој епитет…

Една од тие антологиски утакмици, а по мене и најбитната досега во долгата и богата гостиварска кошаркарска историја беше 5-тата утакмица, мајсторката во пролетта 2000 година кога тогашен Никол Ферт го порази Работнички и го симна од тронот после 7 последователни титули…

Се сеќавам тој ден беше ден со посебна енергија за градот и за нас како навивачи…Гостивар буквално живее за кошарката…“

Гемиџии на фудбалски натпревар

„Јас како еден од основачите на навивачката група Гемиџии (формирана на 7 јануари 1991 година од мене, Тони и Горан), а веќе во 2000 како дел од управата на клубот решивме да направиме нешто што цел живот би го паметеле и би се гордееле сите Гостиварци…

Целокупната управа даде поддршка и застана зад нас…имавме транспаренти, големи букви од стиропор ГЕМИЏИИ, јас дури и бев водител и ДЈ на настанот…

Карактеристично за Гостиварци е дека сакаат праведна и фер борба и не сме агресивни во навивањето…а најкарактеристично е дека секогаш нашиот тим има поддршка од полна сала…

Се надевам и денес ќе имаме ист епилог како 2000-та…полна сала и среќни и насмеани Гостиварци заради победа на домашниот тим…“

Марјан Србиновски (тренер) и Младен Ѓуроски (тим менаџер) на новиот КК Гостивар.

„Искрено верувам дека ке биде така затоа што составот е одлично подготвен и уигран, а најбитно е дека тимот е одлично воден од Марче Србиноски и Младен Ѓуроски.

Тие се гостиварци со за наши услови извонредна кошаркаска кариера, кои што ете, се вратија во родниот град и се зафатија се сериозен и се надевам успешен проект…“ – завршува Попоски.