ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар созрева, но Аеродром е сепак тежок терен

Гостивар созрева, но Аеродром е сепак тежок терен

сподели
mztskopjeaerodrom.mk

Вицепрвакот триумфира против екипата што веќе втора сезона по ред му е незгоден противник и се рехабилитира по поразот одигран во последниот меч во АБА2 лигата.

Гостиварци демонстрираа квалитет, имаа водство на полувремето во СЦ Јане Сандански, но ќе мора уште малку да поработат на одредени сегменти, со цел да бидат уште посериозен конкурент.

mkf.mk

Гостите имаа +11 во текот на првата четвртина, имаа поен повеќе на полувремето, но потоа штрковите ја завршија третата чевтвртина со +2, а во последната имаа 20 поени предност.

Аплицирајте веднаш за

(Не)консистентноста, што беше илустрирана со 20-те загубени топки и (по)кратката ротација, за што се доказ 47-те поени на МЗТ наспроти само 9 на Гостивар од клупата, се два големи фактора за исходот на овој дуел.

mkf.mk

Играта во рекетот е уште еден момент (40:26 во поени) што е (моментална) „слабост“ во играта на гостиварци, кои што сезонава претендираат на позиција меѓу најдобрите 4 тима и место во полуфиналето на првенството.

Медфорд со 18 и Стојановски со 17 поени го предводеа МЗТ, Магдевски имаше 12 поени со 7 асистенции, Бојиќ постигна 11, Маслинко имаше 10 поени, а Младеновски реализира 8 поени со 6 скока во таборот на победникот.

mkf.mk

Кај поразените, Фрстингер имаше учинок од 21 поен, Тасовски и Димчевски (10 скока) имаа по 17 поени, Сегариќ имаше 13 поени со 9 асистенции, а Костоски 4 поени со 8 асистенции.

На табелата, аеродромци се на третата позиција со три победи и со еден пораз, а Гостивар (имаше слободно минатото коло) е на 7-та позиција со една победа и со два пораза.