ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар не е добар домаќин, се заборави од давање кошеви

Гостивар не е добар домаќин, се заборави од давање кошеви

сподели
фото: procam

Гостиварци немаа милост за Шкупи, во седмото коло од домашниот шампионат. Во дуелот на екипата што гледа кон полуфиналето и екипата што се бори за опстанок, предвреме беше јасен исходот, непознат беше само резултатот.

Домашната екипа имаше убедлива предност уште по првиот период, во вториот и третиот се опушти, но во последниот повторно згрме.

mkf.mk

Десет играчи на Србиновски добија шанса, Фрстингер беше најдобар со 22 поена, 8 скока, 3 асистенции и 2 блокади.

mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Кај гостите, Ервин Цого беше најдобар стрелец со 15 поени, Алек Рангелов беше најдобар скокач на мечот со 10 прифатени топки.

mkf.mk

Гостивар е на петтата позиција на табелата со 4 победи и со два пораза, Шкупи е на дното со 6 порази по 6 меча, двата тима паузираа по едно коло во лигата со 11 екипи.

Во следната рунда, гостиварци одат кај Вардар на гости, а Шкупи ќе игра дома со АВ Охрид.