ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар не ги заборава легендите: Последен поздрав за Петко Наумчески

Гостивар не ги заборава легендите: Последен поздрав за Петко Наумчески

сподели

Кошаркарскиот клуб од градот кој што и даде на македонската кошарка шампион, се поздрави за последен пат со својата легенда, иконата на гостиварската кошарка и на гостиварскиот спорт воопшто.

Петко Наумчески беше испратен со сите почести и неговото име ќе биде запишано со златни букви во историјата на КК Гостивар.

Наумчески беше еден од основоположниците на кошарката во овој наш град, тој беше член на првата кошаркарска генерација која што почна да игра кошарка во Гостивар, во 1954-та година.

НЕКА МУ Е ВЕЧНА СЛАВА.