ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар и се обрати на македонската спортска јавност

Гостивар и се обрати на македонската спортска јавност

сподели
Салата „Младост

Новиот прволигаш ја заврши првата сезона достојно за реномето што овој град и некогашниот шампион го имаат, што е обврска на сите следни екипи кои што ќе се појават на нашата кошаркарска мапа, а потекнуваат од местото каде што извира реката Вардар.

Неколку ентузијасти се собраа и направија клуб, кој што полека прераснува во сериозна спортска институција во нашава земја. Она што треба понатаму да го направат, е да останат доследни на своите принципи и на основните спортски начела, со цел овој проект постојано да се унапредува.

Името на Перо Антиќ, кој што е претседател на клубот и најголем акционер, дополнително ги обврзува сите да дадат се од себе, КК Гостивар да остане каде што ја заврши првата сезона, да се стреми кон уште подобри резултати и да произведува македонски играчи.

Управата на оваа екипа има свое видување за првата сезона во македонската премиерна кошарка, кое што ви го пренесуваме интегрално:

„Почитувани љубители на кошарката ширум Македонија!

Управата и спонзорите на КК Гостивар, после напорното првенство, сакаат да им се заблагодарат на кошаркарите и на стручниот штаб за достоинственото преставување на градот на кошарката Гостивар и на освоеното петто место. Огромно е задоволството да се биде дел од кошаркашката приказна наречена Гостивар.

Задовлство ни е што поминавме прекрасни моменти со нашите кошаркари, кои се запишаа во историјата на клубот, како луѓе што го вратија достоинството на гостиварскста кошарка.

Ја користиме оваа прилика да и се заблагодариме на најдобрата и најбројната публика во Македонија, која ја полнеше салата Младост на сите натпревари, која громогласно ги бодреше кошаркарите и која ги пратеше во голем број на гостувањата ширум Македонија.

Нашата сила за која вреди да се спонзорира е токму нашата верна публика. Сепак кошарката се игра за публика, а не за КФМ.

Гостиварска публико!

Вие не само што сте најдобрата публика во Македонија, Вие сте и гордоста на градот Гостивар. Поради овој факт, што сте најдобра публика во Македонија во Ваше име сакаме да им порачаме на сите љубители на кошарката, да ги полнат салите, а со тоа да ја популаризираат кошарката надвор од границите на Македонија.

На судиите и делегатите им порачуваме од утре, чесно и професионално да ја обавуваат нивната задача, да не потклекнуваат на ничии наредби и да немаат двојни аршини.

На КФМ им порачувамке да се однесуваат како бранители на клубовите и на кошарката воопшто, да не дозволат личните интереси да бидат во преден план, да не дозволат само клубовите да бидат виновни за се, а судиите, делегатите и останатите да бидат заштитена марка.

Дајте сите заедно да направиме нешто убаво за кошарката во Македонија. Дајте сите заедно да создаваме наши кошаркари, да правиме легенди, да се натпреваруваме во најсилните лиги, да освојуваме европски титули.

На крај дајте да помогнеме сите заедно да ја спасиме кошарката, да ја извадиме од амбисот во кој е падната.“

Од управата и спонзорите на КК Гостивар