ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Гостивар го преживеа Скопје, но мора да внимава пред дербито со Блокотехна

Гостивар го преживеа Скопје, но мора да внимава пред дербито со Блокотехна

сподели
Клупата на Гостивар

Фаворитот ја преброди моменталната криза што ја доживеа во еден интервал на гостувањето во Чаир, против екипата на Шкупи во 15-то коло и на крајот се заврши како што се очекуваше пред стартот на мечот.

Гостиварци славеа со 78:89 и ги прокнижија планираните бодови, но стручниот штаб и кошаркарите не смеат да бидат задоволни од перформансот, затоа што веќе во следната рунда се соочуваат со конкурент за висок пласман на табелата во нашата Прва лига.

Шкупи поведе со 38:36, потоа на полувремето имаше предупредувачки 47:41.

Јуре Сегариќ постигна 17 поени, Диме Тасовски реализира 16 поени, Дамјан Робев и Немања Мишковиќ (9 скока) имаа по 14 поени, Андреј Магдевски имаше 12 поени со 8 асистенции и одлично ги разигруваше соиграчите.

Кај домашните Дариус Рендолф имаше 16 поени со 7 скока, поен помалку имаше довчерашниот гостиварец Виктор Серафимовски (3/3 тројки) кој што играше беспрекорно во втората четвртина, Маргет Хил имаше 14 поени, а 12 постигна Ервин Цого.

Клупата на Шкупи

Шкупи имаше водство на полувремето, со 47:41 и не му дозволи на противникот лесно и до крај да ја изреализира фаворитската улога.

Гостиварци следните неколку дена ќе мора многу да работат на формата, која што најверојатно ќе дојде сама по себе со инспирацијата веќе на следниот меч, кога следната сабота ќе му бидат домаќини на гевгелискиот близнак, Блокотехна.

Овие две екипи се најпријатните изненадувања од стартот на сезоната, приватни колективи, кои што имаат високи амбиции.