ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Горјан Марковски повторно на операција!

Горјан Марковски повторно на операција!

сподели
Горјан Марковски (десно)

Кошаркарот на Фени Индустри најверојатно до крајот на следната недела повторно ќе оди на хируршки зафат, поради повреда што му се случи на натпреварот во Гостивар.

Ова ќе биде втор пат Марковски да биде опериран, сега и на другото колено кое што претходно му беше здраво. Претходниот пат, помина долго време вон терените, за санирање на повредата.

Горјан Марковски – Фени Индустри (во средина, во позадина)

„Немам никаков оток, се е во ред со структурата на коленото, однадвор. Но, откако почувствував болка и пратив снимки од магнетна резонанса кај повеќе доктори, сите ми ја дадоа истата дијагноза.

Се работи за повреда на предниот вкрстен лигамент која што се решава единствено со оперативен зафат. Се решив да одам кај мојот доктор во Хрватска, кој што претходно ми правеше лигаментопласика на другото колено и ја познава структурата на моите коски.

Се надевам дека ќе се вратам до стартот на следната сезона и ќе играм во полна форма.“ – изјави Горјан Марковски, за basketball.mk.

Горјан Марковски, Кирил Николовски и Адем Мекиќ на тренинг на репрезентацијата, со помошникот-тренер Горан Крстевски.

Со оглед на тоа што нема проблеми при движењето, Марковски сега нема да се соочува со долга рехабилитација, затоа што неговите мускули на ногата нема да атрофираат. Го очекуваме во септември, повторно да биде оној стариот.

Во јуниорските денови, Горјан Марковски (196, 1992) беше на проба во Црвена звезда и требаше да потпише со белградскиот клуб, но со српски пасош затоа што во младинските категории во Србија играа(т) само Срби.

Горјан Марковски – МЗТ Скопје Аеродром (24)

Проблемите со српската документација го оддалечија од една од најдобрите школи последниве две децении, а интересно е што тогаш во Звезда тренерската кариера ја почнуваше некогашниот ас на Работнички, Љубомир Видачиќ кој што даде зелено светло за екстра-талентираниот Марковски.

Марковски беше голема надеж на македонската кошарка, играше во Работнички (2009/10), Торус (2010-12) и МЗТ Скопје (2012-16), но бројните повреди го спречија да го изреализира својот потенцијал. Постојано е на поширокиот список на нашата сениорска, а беше член и на младинските репрезентации на Македонија.