ПОЧЕТНА Некатегоризирана Горан Драгиќ апсолутно ја заслужи почеста што му ја дава НБА лигата

Горан Драгиќ апсолутно ја заслужи почеста што му ја дава НБА лигата

сподели
heatnation.com

Кошаркарот на Мајами Хит ќе го замени повредениот Кевин Лав од Кливленд Кавалирс, на претстојниот Ол-Стар меч што ќе се одигра во „Стејплс Центарот“ во ЛА.

Лав доживеа фрактура на дланката по што ќе паузира 6-8 недели, а Драгиќ ќе биде првиот словенечки претставник на натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата.

31-но годишниот Словенец беше капитен на неговата селекција при триумфот на ЕП 2017 во Истанбул, а сезонава во просек бележи 17 поени со 4.8 асистенции и со 4.1 скок во НБА.