ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Големите шампиони со огромна душа

Големите шампиони со огромна душа

сподели

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, КК Работнички организираше хуманитарен кошаркарски натпревар на сегашниот тим со ветераните на клубот.

Средствата собрани од натпреварот се наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која има потреба од итна операција во Русија.

Аплицирајте веднаш за

Поранешните играчи на 15-кратниот шампион, се потсетија како е да се чекори по паркетот на кој што тие победуваа секого, жнеејќи ги трофеите во македонската кошарка.

Покажаа дека се несебични и хумани луѓе, кои што се грижат за сограѓаните од општеството, кое што, помалку или повеќе, им овозможило да станат тоа што се денес.

Публиката, оние кои што решија да бидат присутни на ваков несекојдневен настан со хумана димензија, се потсети на мајсториите на некогашните миленици.

Воедно, гледачите донираа средства за Ирена во кутиите поставени пред салата, а влезот за сите на оваа хуманитарна средба беше бесплатен.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат и на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева.

Може да се донира и на телефонските броеви на двата оператора – 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне).