ПОЧЕТНА Избор на уредникот Големиот господин и менторот на Антиќ, уште еднаш крај аут линијата

Големиот господин и менторот на Антиќ, уште еднаш крај аут линијата

сподели

Душан Ивковиќ за последен пат ќе седне на тренерската клупа, предводејќи ја екипата „Ѕвездите на Душан“ против останатите, а натпреварот што ќе се одигра на 20-ти септември во салата „Мир и пријателство“ ќе го организира Олимпијакос.

Душан Ивковиќ на клупата на Анадолу Ефес (2014-2016).

Популарниот Дуда има 73 години, неговата богата тренерска кариера траеше скоро 4 децении. Почна 1978-та година во Партизан, потоа преку Арис, Раднички, Шибенка, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК (Перо Антиќ), ЦСКА Москва, Динамо Москва и повторно Олимпијакос (Перо Антиќ), се пензионира на крајот на сезоната 2015/16 по ангажманот во Анадолу Ефес.

Душан Ивковиќ на клупата на СФР и СР Југославија (1988-95), беше селектор на три континентални првенства и освои три златни одличја (’89, ’91 и ’95) со 19 победи на 19 одиграни натпревари.

Беше селектор на Југославија, СР Југославија и на Србија. Има бројни титули и одличја, но за нас највпечатлива е европската титула со Олимпијакос 2012-та, кога во редовите на екипата од Пиреа играше нашиот интернационалец, Перо Антиќ.

Душан Ивковиќ во вториот стинт на клупата на Олимпијакос (2010-2012).

„Во текот на брилијантната кариера, Душан Ивковиќ тренираше и создаде многу ѕвезди, како што се Спанулис, Теодосиќ, Богдановиќ, Хајнс, Антиќ, Принтезис, Моња, Хријапа… но и ветерани и легенди како што се Кичановиќ, Далипагиќ, Галис, Фасулас, Христодулу, Риверс, Паспаљ, Дивац, Раѓа, Кукоч, Петровиќ… Повеќето од нив ќе бидат присутни на прошталниот меч на големиот учител.“ – стои во соопштението на Олимпијакос.

Душан Ивковиќ го избра Василис Спанулис за свој амбасадор на претстојниот хуманитарен натпревар.
Аплицирајте веднаш за

Пред заминувањето во пензија, Душан Ивковиќ минатата година најави дека нема никогаш да и каже збогум на кошарката и дека ќе биде организиран голем хуманитарен натпревар, по повод неговото пензионирање.

фото: blic.rs

„Не сакам, не можам и никогаш нема да и кажам збогум на кошарката. Следното лето ќе биде организиран хуманитарен меч на кој што ќе се соберат многу тренери и кошаркари, со кои што соработував во текот на мојата кариера.” – беа зборовите на Душан Дуда Ивковиќ во 2016-та.