ПОЧЕТНА Други репрезентации Ги добивме противниците во сите младински категории, за континенталните собири следната година

Ги добивме противниците во сите младински категории, за континенталните собири следната година

сподели
Момент од натпреварите на нашите селекции, на турнирите во Белград одиграни годинава (аматерска фотографија).

Во Белград беше одржана ждрепката за сите младински европски првенства, кои што ќе се одиграат идната година.

Македонската кошаркарска федерација ги пријави сите возрасни категории во машка конкуренција (М20, М18 и М16), додека во женска конкуренција пријави две категории (М18 и М16).

Од 5-ти до 14-ти јули, МКФ ќе биде организатор на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години, на кое покрај Македонија се пријавија уште 22 земји. Ждрепката посака нашите кошарарки да бидат во група заедно со врсничките од Романија, Грција, Ирска, Словачка и Австрија.

Кадетките, пак, кои ќе учествуваат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одржи во Софија во периодот од 15-ти до 24-ти август, ќе разигруваат со врсничките од Холандија, Украина, Луксембург и домаќинот Бугарија.

Младинците (М20 возрасна категорија) ќе разигруваат во периодот од 12. до 21. јули против врсниците од Словачка, Белгија, Луксембург и домаќинот Португалија.

Јуниорите ќе отпатуваат за Романија и од 26. јули до 4. август ќе се надигруваат со соодветните селекции на Грузија, Украина, Ирска, Данска и Словачка.

(преземено од mkf.mk)