ПОЧЕТНА Избор на уредникот Гинјард им го збибери на расистите!!!

Гинјард им го збибери на расистите!!!

сподели

Кошаркарот на Работнички бил цел на расистички вербални напади од страна на дел од македонската публика која што ги посетува кошаркарските натпревари.

Американскиот интернационалец, кој што е несомнено најдобриот поединец сезонава во нашата лига, најкултурно им се обрати на оние кои што го споредувале со мајмун и кои што го нарекувале нигер (навредлива содржина, во превод црнец).

Реакцијата на Маркус Гинјард на Инстаграм доволно зборува за неговата прибраност и современост, односно го докажува спротивното за оние кои што мислеле дека се интересни, а всушност се најголемиот проблем на македонската кошарка.

A post shared by Marcus Ginyard (@mg1nyard) on

Аплицирајте веднаш за

Оваа реакција на Гинјард доаѓа во викендот кога ни се случи прекин во Гостивар и кога гостинската екипа од Гевгелија реагира на однесувањето (плукање, навреди) на дел од пубиката во салата „Младост“, односно во сезона кога имаше прекин на уште едно вечно дерби поради испади од трибините.

Ваквите моменти, ова е наш став, само ја до-oцрнуваат сликата што ја оставаме пред светот и потоа се чудиме зошто во 21-от век не сметаат за земја „од четвртиот свет“. Македонските државни и кошаркарски органи не смеат да дозволат овој прекрасен спорт и искрената публика да бидат заложник на хулиганите кои што ментално и физички ни ја малтретираат кошарката.

По сето ова ни се наметнува прашање на денот, односно на животот: Ако за другите однадвор, што мислат за нас, „баш не боли“, тогаш да се прашаме каква слика оставаме пред нашите наследници и што тие ќе научат од нас, во ова модерно време, кога секој потег се регистрира на социјалните мрежи?