ПОЧЕТНА А Репрезентација ГЕВГЕЛИЈА: Убавицата може да светне, натпреварот може да почне

ГЕВГЕЛИЈА: Убавицата може да светне, натпреварот може да почне

сподели

Салата „26 Април“ во нашиот најјужен кошаркарски град е подготвена за претквалификацскиот натпревар меѓу Македонија и Косово.

Тоа ќе биде трет меч за нашата селекција во овој филтер за пласман на следното ЕП, кое што ќе се игра 2021-та година, во првите два меча забележавме победи.

Аплицирајте веднаш за

Совладани беа Косово на гости и Рoманија дома, очекуваме победа и во овој натпревар против селекцијата на Косово, прв во историјата на наѓата А селекција, што ќе се игра во Гевгелија.

Градот и МКФ создадоа одлични услови, организацијата е на високо ниво, не смее да има пропусти во ваков натпревар со големо значење, кој што ќе каже многу за нас и како кошаркарска нација, но и како држава, колку сме подготвени да бидеме дел од светското семејство.

Капацитетот на салата е распродаден, билет за мечот се бара(ше) и под дрво и под камен. Гевгеличани сакаат кошарка, имаат две екипи, знаат што е спорт и уживаат во ваквите настани.

Очекуваме беспрекорно кошаркарско шоу и нека победи подобриот, а очекуваме тоа да биде македонската репрезентација која што потоа мирно ќе го чека последниот меч што треба да го одиграме во Романија.

Помогнато од Ресторанот Enjoy во Гевгелија.