ПОЧЕТНА А Репрезентација ГЕВГЕЛИЈА: Се подготвува спектакл на трибините!

ГЕВГЕЛИЈА: Се подготвува спектакл на трибините!

сподели

Како што доликува за еден натпревар на една А селекција, гевгеличани подготвуваат декор за стартот на мечот против Косово.

На секое столче во салата „26 Април“ ќе има македонско знаменце, кое што секој посетител ќе треба да го крене за време на интонирањето на македонската химна, или подоцна, ќе видиме што детално ни подготвиле организаторите.

Аплицирајте веднаш за

Македонија игра меч од третата рунда во претквалификациите за следното ЕП, што ќе се одржи 2021 година. Со победа ќе го дочекаме мирно последниот меч, што треба да го одиграме во Романија.

Во претходните два натпревара, нашата А селекција има две победи, кај Косово на гости и против Романија дома.

Помогнато од ресторан Enjoy во Гевгелија.