ПОЧЕТНА А Репрезентација ГЕВГЕЛИЈА: Салата „26 Април“ полека се полни!

ГЕВГЕЛИЈА: Салата „26 Април“ полека се полни!

сподели

Најзагреаните љубители на кошарката први го пробија мразот и влегоа вo салата уште на повеќе од 1 час пред почетокот на мечот меѓу Македонија и Косово.

Нашата репрезентација го игра третиот меч од претквалификациите за ЕП 2021. Имаме две победи, трета ќе значи мирен сон пред последниот дуел во Романија.

Аплицирајте веднаш за

Салата има капацитет 1200 седишта, пуштени во оптек и продадени со 1160 билети, а меѓу службените лица и гостите беа поделени 200 акредитации.

Гевгеличани првпат имаат прилика да ја гледаат А кошаркарската селекција, на компетитивен натпревар. Ова е кошаркарски град, кој што има две екипи и знае како се сака овој спорт.

Пред салата и во салата се е во најдобар ред, организацијата (МКФ, Гевгелија и КК Кожув) е на највисокото можно ниво. Се е подготвено за голем натпревар.

Напред Македонија!

Помогнато од ресторан Enjoy во Гевгелија.