ПОЧЕТНА БИБЛ Гевгелија на нозе, Кожув ја пречекува Теута

Гевгелија на нозе, Кожув ја пречекува Теута

сподели

По пауза три години, поранешниот македонски вицешампион повторно игра во регионалното натпреварување.

Кожув оваа сезона се врати во БИБЛ лигата и по поразот од Берое во првиот меч, го пречекува албанскиот претставник Теута, третопласирана екипа во домашното првенство од минатата натпреварувачка кампања.

Во првите два натпревара Теута оствари победи против Академик Бултекс и Башкими и заедно со Берое е на делба на првата позиција на табелата. За Кожув тоа ништо не значи, подготвен е за овој испит, а самодовербата ја зголемија трите победи во последните четири кола од Првата лига.

„Јасно ни е дека Теута е квалитетен тим за што зборуваат и резултатите во првите две кола, но ние не сме оптоварени со противникот.

Аплицирајте веднаш за

Го комплетиравме ростерот, направивме една замена во однос на натпреварот со Берое, атмосферата во екипата и натаму е одлична и треба тоа да го пренесат на теренот. Очекувам овој натпревар да биде најдобар за нас оваа сезона”, изјави за basketball.mk, тренерот на Кожув, Павле Николов.

Освен доаѓањето на Роб Луис и заминувањето на Слободан Пејовиќ, гевгелискиот тим ги преброди и проблемите со повредите. Мишковиќ веќе почна да игра, а подготвени се и другите кошаркари.

„Помина периодот на турбуленции, промената во играчкиот кадар се надевам дека нема да се одрази на играта. Кожув има искусни кошаркари кои треба да покажат каде му е местото на нашиот тим.

Што се однесува до Луис, се работи за исклучително културно и вредно момче, со работна навика и огромен квалитет. Искрено, не се надевав дека толку брзо ќе се вклопи во екипата“, додаде Николов.

Натпреварот меѓу Кожув и Теута се игра од 17:30 часот, време е гевгеличани да се потсетат на убавите времиња од пред неколку години.