ПОЧЕТНА Куп на РМ Гевгелија е кошаркарски град, заслужува вакви натпревари

Гевгелија е кошаркарски град, заслужува вакви натпревари

сподели

Кошаркарските клубови Кожув и Блокотехна, заедно со Општината ќе го организираат завршниот турнир од Купот на Македонија.

Гевгелија е единствен град кој дава два прволигаша, но дуел меѓу нив е можен само во финалето.

Марјан Илиевски и Горан Главчев како претставници на Блокотехна го најавија завршниот турнир на кој сакаат првпат во историјата на клубот да се пласираат во финалето. Прв противник ќе им биде АВ Охрид, а потоа е можно да се сретнат со Гостивар, единствениот тим кој ги совлада на домашен терен оваа сезона.

Аплицирајте веднаш за

„Гевгелија е кошаркарски град. Овој град заслужува вакви мечеви. Ќе биде тешко, но сакаме да го освоиме Купот.

Иако против нас има екипа која има доста промени во играчкиот ростер, ние ќе играме максимално за да победиме. Сакаме ова да биде кошаркарски празник“, изјави Илиевски.

Капитенот Горан Главчев слично размислува, но потенцира дека на вакви натпреварувања не постојат фаворити и дека одлучува моменталното расположение и инспирација.

„Некои велат дека сме имале среќа во ждрепката, но јас не се согласувам со тоа. Заслужено сме таму каде што сме.

Во Купот нема фаворити. Често пати знаел мотивот и инспирацијата во даден момент да биде пред квалитетот“, изјави Главчев.