ПОЧЕТНА А Репрезентација ГЕВГЕЛИЈА: Време е!

ГЕВГЕЛИЈА: Време е!

сподели

Се зависи од нас, за нашиот пласман во квалификациите за ЕП 2021. Во третиот претквалификациски меч, играме дома, против Косово. Ни треба победа, за мирен сон!

Во претходните два натпревара, победивме со Романците дома и со Косово на гости, ќе ни остане уште едно гостување, кај Романците.

Романија и Косово на крајот ќе се пресметаат во меѓусебен дуел, во Приштина, кога ќе биде решено се, но зошто да чекаме?

Wikipedia
Аплицирајте веднаш за

Македонија е на врвот на табелата во Групата Б, со 4 бода од два натпревара и кош разлика +17.

Романија е на втората позиција по среќната победа со пресврт против Косово, со 3 бода и -9 кош разлика. Косово е на дното на табелата со 2 бода од два меча, два пораза со кош разлика -6.

Време е да заиграме најдобро што знаеме и самите да си ја решиме судбината. Една селекција од овој филтер оди понатаму, но потоа три од следниот ќе одат на ЕП.

Помогнато од ресторан Enjoy во Гевгелија.