ПОЧЕТНА А Репрезентација ГЕВГЕЛИЈА: Билетите распродадени, почитувајте го режимот за влез

ГЕВГЕЛИЈА: Билетите распродадени, почитувајте го режимот за влез

сподели

Капацитетот на салата „26 Април“ е распродаден, веќе нема билети за мечот меѓу Македонија и Косово, кој што се игра во рамките на претквалификациите за ЕП 2021.

Организаторот (МКФ, Градот и КК Кожув) не информираа дека се продадени 1160 билети, а патем се поделени и 200 акредитации за гостите и за службените лица.

Аплицирајте веднаш за

Столчињата во салата се нумерирани, се очекува сите присутни во салата да го почитуваат режимот на седење, со цел да не се создаваат турканици и мечот да се одигра во најдобар ред.

Излегување од салата за време на полувремето најверојатно нема да биде дозволено, со цел да се избегнат евентуалните туркацини кои што би се создале на влезот.

Лична карта за влез не е потребна, доволно е секој имател на билет да го покаже билетот на вратата и да може да влезе и да присуствува на историскиот настан за Гевгелија.

Прв пат, една наша кошаркарска А селекција игра компетитивен меч во овој град, нека биде тоа празник за кошарката во градот кој што го сака овој спорт.

Помогнато од Ресторанот Enjoy во Гевгелија.