ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГАПИЌ: МКФ не е ничија сопственост

ГАПИЌ: МКФ не е ничија сопственост

сподели

Претседателот на Работнички, Ристо Гапиќ се јави со реакција на социјалните мрежи по прекинатото Годишно собрание на Македонската кошаркарска федерација.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

„Врвен спортист, а толку лош менаџер. Шерифските закони не поминуваат кај нас, делегатите. На некултурен начин ни беше скратено правото да постапуваме по Деловникот, а ти со секое твое обраќање го кршеше истиот. ‘Шерифе’, МКФ не е ничива сопственост, претседателот треба да биде во служба на спортот и клубовите, а не да ја користиш институцијата за лечење на сопствени фрустрации и хирови.

Џабе бегаш, веќе на сите им е јасно, ја немаш поддршката од делегатите!

Дел од делегатите, фотографијата е по случаен избор и не е поврзана со оваа конкретна содржина.

Пред да станеш претседател на МКФ се ежев кога ќе слушнев ‘Пеце Национале’, а сега, после две и пол години од твоето владеење ја уназади македонската кошарка на меѓународната ФИБА листа, ја понижи целата судиска фела со делегирање на судии од странство, спротивно на Статутот и Пропозициите за натпреварување и драстично ја зголеми котизацијата на младинските екипи, а се правиш грижлив за младите.

Претседателе, ‘Пеце Национале’, ‘шерифе’, можеш да бегаш колку сакаш, можеш да не множиш со нула, ама денеска покажа каква личност си и колку се грижиш за македонската кошарка!

Ако искрено се грижиш за македонската кошарака дај си оставка бидејќи на следното вонредно/редовно собрание ќе се соочиш со реалноста, а таа очигледно не ти се допаѓа“, пишува Гапиќ во својата реакција.