ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГАЛЕРИЈА: По српската, надежите ќе имаат турска епизода

ГАЛЕРИЈА: По српската, надежите ќе имаат турска епизода

сподели
mkf.mk

Националните селекции до 15 и до 16 години во машка конкуренција се во Истанбул каде што во текот на оваа седмица ќе одиграат вкупно четири пријателски натпревари. Младинските репрезентативци ќе го искористат искуството стекнато во српската престолнина изминатата недела, како и од тековната во Турција, за предизвиците кои им претстојат за летниот период.

Кадетите ќе учествуваат на Европското првенство за кошаркари до 16 години (дивизија Б) што во периодот од 9. до 18. август ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина, додека генерацијата до 15 години ќе продолжи со активностите во рамки на проектот за развој на млади кошаркари насловен „Заедно до U16“.

Противници на нашите млади надежи на претстојниот турнир им се врсниците од Галатасарај, Анадолу Ефес, Дарушафака и Истанбул ББ.

(преземено од mkf.mk)