ПОЧЕТНА УЛЕБ Галатасарај наредната сезона во Еврокупот со половина буџет

Галатасарај наредната сезона во Еврокупот со половина буџет

сподели

Турската екипа беше елиминирана во полуфиналето на турскиот шампионат од Анадолу Ефес, а сезонава не помина кој знае како и во Евролига. Наредната сезона повторно ќе настапува во второто според ранг натпреварување во Европа, под капата на УЛЕБ, од каде што и избори пласман во елитата за сезоната што помина.

„За Еврокупот имаме 4 или 5 милиони евра. Тоа е се што можеме да собереме. Сезонава потрошивме 10 милиони во Евролига. Не сме моќни како нашите конкуренти, кои што имаат буџети над 20 или 30 милиони евра. Ние, со истите пари што ќе ги имаме за следната сезона, еднаш веќе го освоивме Еврокупот (2015/16).“ – рече претседателот на Галатасарај, Дурсун Осбек.