ПОЧЕТНА Други лиги В. НАУМОВСКИ: Да бидеме фактор!

В. НАУМОВСКИ: Да бидеме фактор!

сподели
Вања Наумовски (помошникот тренер) со Александар Наумоски (градоначалникот на ЃП)

Новата екипа во македонската кошарка, ТНТ од Скопје, од населбата Ѓорче Петров, почнува скромно и нечујно, но очекува за кратко време да покаже како и колку се сака кошарката во овој дел на главниот град.

Екипата ќе биде селектирана од млади кои што с ена возраст од околу 20-тина години, кои што не поминале во разните селекции кај другите екипи.

Аплицирајте веднаш за

Предводник од клупата ќе биде Владо Владичевски, кој што ќе ја крои играчката филозофија на екипата. Ќе му помага Вања Наумовски, кој што ќе биде во улога на асистент тренер.

„Идејата е да се формира една екипа која што ќе се обиде да се натпреварува со најсилните екипи во Македомија. Не сакаме само да бидеме учесници, туку со тек на времето сакаме да станеме и фактор во македонската кошарка.

Тоа ќе биде долг пат, потребна е макотрпна работа, но ако мислевме дека ќе ни биде лесно, воопшто немаше ни да почнуваме со оваа идеја.“ – изјави Вања Наумовски, помошникот тренер на ТНТ.