ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Втор дел од едукација на тренерите пријавени на центарот за едукација при...

Втор дел од едукација на тренерите пријавени на центарот за едукација при МКФ

сподели

Вториот дел од едукацијата на тренерите во Македонија беше спроведен во СЦ Борис Трајковски, што е продолжение на наставната работа на МКФ, со нашите тренери, со цел нивно дооформување и усовршување.

На показните тренинзи, часовите беа спроведени од нашите реномирани тренерски имиња Горан Крстевски (одбрана од транзиција), Александар Тодоров (тактика во напад – основи на Spacing & Timing), Александар Петровиќ (основни принципи на индивидуалната одбрана) и Драган Василов (обука на играчи на надворешни и внатрешни позиции).

Аплицирајте веднаш за

На теоретските предавања беа опфатени темите: Методика на кошарката – Проф. д-р Милан Наумовски, Основи на физиологијата – Проф. д-р Слободан Николиќ, Психолошка подготовка на кошаркари – Проф. д-р Ленче Алексовска – Величковска и Тренажни зони на оптоварување – Проф. д-р Ванчо Поп-Петревски.

МКФ продолжува во обидот да го зајакне основниот елемент на кошарката кај нас, а тоа се тренерите, кои што на клупско ниво во иднина треба да го дадат основниот продукт на оваа игра – играчите.

Според најавите од Канцеларијата на нашата матична кошаркарска организација, ваквиот тренд на предавања и едукација ќе продолжи со полна пареа.