ПОЧЕТНА Младински школи Второ издание на турнирот Фицбол

Второ издание на турнирот Фицбол

сподели

Како минатата година така и овој април ќе се одржи Фицбол меморијалниот турнир, кој се одржува во чест на Филип Сотиров-Фиц.

Во Скопје ќе гостуваат екипите на Барселона од Шпанија, Партизан од Србија, Аудентес од Естонија, Пантер од Црна Гора, Задар од Хрватска, Будуќност Бјелина од Босна и Херцеговина и Балкан од Бугарија на кои ќе им се приклучи домаќинот Партизан Водно Санс. Кошаркарите кои ќе учествуваат на турнирот се од генерацијата 2004-та.

Натпреварите ќе се одиграат во малата сала „Борис Трајковски“ од 05-07.04.2019 година.

Покрај тековните натпревари на последниот ден од турнирот, посетителите ќе имаат можност да ги бодрат најдобрите натпреварувачи од секоја екипа во шут за 3 поени и во натпреварот во забивање.

Покрај натпреварувачкиот, Фицбол има и хуманитарен карактер, па така и оваа година тимовите ќе донираат во рамките на нивните можности.