ПОЧЕТНА Други лиги ВТОРОЛИГАШИТЕ НЕ СЕ ШЕГУВААТ: Ќе одат до крај во потрага по правдата?

ВТОРОЛИГАШИТЕ НЕ СЕ ШЕГУВААТ: Ќе одат до крај во потрага по правдата?

сподели
Дел од атмосферата на младински (М18) завршен турнир во нашата земја, на кој што има повеќе публика од прволигашките средби.

Второлигашките и младинските екипи најавуваат нов заеднички состанок, со, како што е најавено, масовно присуство на сите засегнати страни, за, како што велат, несоодветната распределба на спортските ваучери.

Екипите од пониските рангови се исклучени од распределбата на државните средства, односно од распределбата на одредена сума од парите од данокот на добивка на фирмите, кои што средства ќе се слеваат во спортските субјекти наместо во државната каса, за што се добива ваучер според одредени критериуми.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван Претседател на КФСМ,
Почитуван Директор на АМС,
Почитувани претставници на управниот одбор при КФСМ,

Од името на сите клубови во второлигашка конкуренција и младинските школи при КФСМ, ви го пренесуваме следново соопштение:

Поради фактот што неправилно, неправно, намерно или ненамерно сме заобиколени со законот за ваучери кој што претходно бомбастично се најавуваше од минатата година, истите ние чекајќи 6 месеци (многумина се откажаа во текот на сезоната) останавме заобиколени од распределбата на средствата по тој закон, архаично кажано останавме со празни раце!

Зошто и како, не ни беше објаснето и се уште не знаеме.

Според сите членови на законот, излезен во Службен весник, ние ги исполнуваме сите критериуми за добивање на ваучер за спорт! Бараме во најкус можен рок (до крајов на месецов) целата оваа неправда да се исправи и на сите да ни биде овозможено нормално да функционираме.

Од исклучителна важност е да се донесе брза и правилна одлука, зашто токму во овој месец се креираат буџетите на клубовите за наредната сезона и многу време не ни останува.

Во спротивно, доколку нашите барања не бидат исполнети, ќе бидеме принудени да преземеме подрастични мерки, нема да пријавуваме екипи за натпреварување (да потсетиме токму оваа категорија на екипи претставува повеке од 2/3 од вкупниот број на екипи во Македонија), како и превземање на правна постапка заедно со ракометните клубови и клубовите од останатите спортови пред надлежните судови во РСМ.“