ПОЧЕТНА Евролига Вториот ден за Шпанците, Жалгирис не може да победи дома

Вториот ден за Шпанците, Жалгирис не може да победи дома

сподели
euroleague.net

Барселона се врати во живот со победата против Армани, со 90:80 во секогаш преполната Блауграна. Двата тима имаат по 6 победи и 3 порази, по 9 кола во Евролига. Ертел имаше 20 поени со 6 асистенции кај домашните, Мајк Џејмс имаше 19 кај гостите од Милано.

euroleague.net

Басконија го совлада Панатинаикос со 86:77, грчката екипа постојано беше во негатива, а на крајот на третиот период губеше со 18. Во првата четвртина, гостите постигнаа само 12 поени, а во три периода имаа 55.

Капитенот Шенгелија ги предводеше домашните со 16 поени, 7 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки. Џенинг и Хилард имаа по 12. Грејнџер имаше 11, Поире постигна 10 со 9 скока. Кај гостите, Кит Ленгфорд имаше 33 поени, Папас 16, а сите други беа отсатни.

Аплицирајте веднаш за

Химки стигна до втората последователна победа, совладан беше Жалгирис во Каунас со 83:84. Двете екипи имаат 3/6 на табелата, Жалгирис има неверојатни 0/5 на домашен терен сезонава. Алексеј Швед ги предводеше гостите со 25 поени и 10 асистенции, Брендон Дејвис имаше 23 поени со 13 скока кај домаќинот.

И покрај поразите во 9-то коло, Реал Мадрид и ЦСКА Москва остануваат на врвот на табелата со 8/1, колку што има и третопласираната екипа на Фенербахче. Будуќност напредуваше на 13-та позиција по победата против ЦСКА, Макаби и Дарушафака остануваат на дното со 1/8.

euroleague.net

Во следното коло, ќе се пресметаат гигантите Реал и ЦСКА Москва во Мадрид, што е реприза на полуфиналето на ФФ во Белград по што кралскот клуб ја освои титулата, односно Барселона и Фенербахче во каталонската престолнина, во ситуација кога турската екипа има 5 победи во низа во меѓусебните дуели.