ПОЧЕТНА НБА Време беше – Лејкерс ја прекинаа црната низа против Портланд

Време беше – Лејкерс ја прекинаа црната низа против Портланд

сподели
AP Photo/Craig Mitchelldyer

Леброн Џејмс постигна 28 поени во триумфот на франшизата од ЛА, против Блејзерс со 110:114, со што жолтата екипа од Градот на ангелите конечно се радуваше во овој двобој, по 16 порази.

Во првата победа сезонава, на гостински терен против екипа со позитивен скор на табелата, Ражон Рондо имаше учинок 17 поени со 10 асистенции за 25 минути. Лилард и МекКолум имаа по 30 поени за домашните.

Џоел Ембид и Блејк Грифин се тркаа, на крајот центарот на Филаделфија имаше 39, поен повеќе од конкурентот и неговата екипа победи против Детроит, со 109:99.

Аплицирајте веднаш за

Ембид реализира 10 од 18 удари од поле, погоди 18 од 23 слободни фрлања, а Сиксерс сега имаат 6/0 на стартот на сезоната во мечевите одиграни на домашен терен.

Џејмс Харден се врати, не беше во Ол-Стар издание, но неговиот тим победи против Чикаго со 88:96. Хјустон играше без актуелниот МВП на три меча, а Брадата во враќањето ја имаше клучната серија за победа.

Резултати на 4-ти ноември (ESPN)

Од 25-те поени што ги постигна, 11 (три тројки) беа врзани и реализирани во решавачките 2 минути во третиот период, кога Рокетс имаа низа од 15 поени без примен кош.

ДеМар ДеРозан постигна 26 поени, ЛаМаркус Олдриџ имаше 22 поена со 12 скока, во славјето на Сан Антонио против Њу Орлеанс со 109:95, што беше петти пораз во низа за Пеликанс за кои што Холидеј реализира 29 поени.